Актуелно

Завршна конференција „Неформални партиципативни простори за училишно инклузивно учење“

Почитувани,

           
О
УРЦ  „Д-р Златан Сремец“-Скопје, има чест да Ве покани да присуствувате на завршната конференција на која ќе се презентираат резултатите добиени при имплементација на Еразмус + проектот „Неформални партиципативни простори за училишно инклузивно учење“ (Non-formal participatory spaces for school inclusive learning -INC-Leisure), со рег. број 2021-1-ES01- KA220 -SCH-000024578 во кој нашето училиште е еден од партнерите. Вашето присуство ќе придонесе за подигнување на свеста за значењето на инклузијата на учениците во неформални простори.

Конференцијата која се реализира со поддршка од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје  е наменета за сите чинители вклучени во формалното и неформалното инклузивно образование (директори, воспитувачи и стручни соработници од градинките, директори, наставници и стручни соработници од училиштата, образовни асистенти, директори и вработени во основните училишта со ресурсен центар, родители, професори студенти и вработени од педагошките факултети, Институтите за специјална едукација и рехабилитација, психологија, педагогија и други сродни факултети, здруженија на граѓани и сите останати заинтересирани.
 

Конференцијата ќе се одржи на ден 28.02.2024 (среда), во големиот амфитеатар на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ул. Дрезденска 56, Карпош, 1000 Скопје, со времетраење од 09.30 -13.00 часот.
Линк за пријавување на учество 
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSezeNhyESYMqMlySFBcSGCZZ9j9Pff0X_rSikfscmwq6B0ECQ/viewform

 
Пријавување на учество најдоцна до 23.02.2024 год (петок). 
Ве молиме за навремено пријавување бидејќи бројот на учесници е ограничен.

 

Ви благодариме на интересот,

 

Тимот на ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“-Скопје