Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен весник на РМ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18), член 19 став (7) и член 88 од Закон за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19 и 229/20) и Правилникот за норматив за образовниот асистент, описот на компетенциите и работните задачи бр. 12-7828/2 од 10.06.2025 година усвоен од Министерството за образование и наука. Одобрените согласности за вработување на неопределено работно време за фискалната 2025 година со број 12-3682/4 и согласности со бр. 12–8071/2 од 17.06.2025 година и 12-7254/2 09.06.2025 година за учебната 2025/2026 година од Министерството за образование и наука, како и одлуката на директорот на Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“ Скопје со број 02-442/1 од 17.06.2025 објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
За вработување на определено работно време на 328 образовни асистенти за ученици со попречености во основното образование и 1 работник за одржување на домот - домакин на неопределено работно време.
Се објавува јавен оглас за вработување на образовни асистенти на определено работно време за учебната 2025/2026 година, за работа со ученици со попречености во основните училишта во следните општини: Јегуновце, Теарце, Тетово, Желино, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуша, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Сарај, Сопиште, Студеничани на следните работни места:
Стручен соработник - приправник во основно образование:
- Образовен асистент во одделенска/предметна настава - 223 (двеста дваесет и три) извршители на македонски наставен јазик.
2. Образовен асистент во одделенска/предметна настава – 103 (сто и три) извршители на албански наставен јазик.
3. Образовен асистент во одделенска/предметна настава – 2 (два)
извршители на турски наставен јазик.
- Работник за одржување на домот – домаќин 1 (еден) извршител
За работно место под реден број 1, 2 и 3
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена состојба за работното место (лекарско уверение не постаро од 12 месеци);
- со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
- да не му е изречена привремена мерка за заштита или не му е одземено вршењето на родителско право
- со правосилна пресуда да не е осуден за кривично дело со казна затвор над шест месеци,
- да не е член на потесното семејство на лицето на кое би му пружало образовна асистенција.
Посебни услови:
Завршено образование: специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, семејнолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, социолог, (со завршено образование VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации или
најмалку 240 ЕКТС), како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (
VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации или најмалку 240 ЕКТС), како и лице наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации или најмалку 240 ЕКТС).
Доколку на јавниот оглас не се јави лице со погоре именуваните звања, може да се вработи лице кое се стекнало со најмалку високо образование со траење од четири години, односно (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации или најмалку 240 ЕКТС).
Општи работни компетенции на образовните асистенти:
- поддршка на учениците со попреченост,
- соработка со наставниците,
- соработка со родителите/старателите
- соработка со стручните работници и инклузивниот тим на ученикот
- соработка со зедницата
- комуникација и
- остварување на резултати.
Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работно време 8 часови дневно
- Работното време изнесува 40 часа неделно
- Основен надоместок на образовниот асистент: 37,034,00 денари.
- Времетраењето на работниот однос за кој се ангажира образовниот асистент е за учебната 2025/2026 година.
За работно место под реден број 4 работник за одржување на домот (домакин).
Кандидатот треба да има соодветно образование: средно стручно образование (електротехничко или машинско) или најмалку основно образование. Согласно со член 21 од Законот за вработените во Јавниот сектор, со избраниот кандидат кој ги исполнува условите, ќе се склучи договор на неопределено работно време.
Работно искуство:
- о или без работно искуство.
Распоред на работно време на домакинот:
- Работни денови понеделник-петок од 7:00 до 15:00 часот
- Работно време 8 часови дневно
- Работни часови неделно 40
- Основен надоместок на домакинот: 25.546,00 денари.
Потребни документи за пријавување на сите работни позиции (реден број 1,2,3 и 4):
- Барање/Молба,
- CV/Кратка биографија,
- Мотивационо писмо за интерес за работното место образовен асистент,
- Диплома/уверение за завршено соодветно образование,
- Уверение за државјанство,
- Извод од матична книга на родени,
- Потврда од суд за неосудуваност, (не постара од 6 шест месеци),
- Потврда од суд дека не му е одземено родителско право,
- Да има општа здравствена состојба за работното место (лекарско уверение не постаро од 12 месеци),
- Потврда дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 шест месеци),
- Доколку има претходно искуство со образовна асистенција на ученик во основото образование се наведува името и презимето на ученикот и училиштето каде учи ученикот.
Документите се доставуваат во рок од 5 (пет) работни дена, од денот на објавувањето на повикот во дневниот печат во затворен плик, лично, во архивата на ОУРЦ „ д-р Златан Сремец“ Скопје во периодот од 08.30-14.30 часот или исклучиво по брза пошта на адреса: Емил Зола бр. 5 Скопје, со назнака „Јавен оглас за образовен асистент“
Документите се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.
Изборот на кандидатите го врши Комисија формирана од директорот на основното училиште со ресурсен центар.
Во постапката за избор, по завршената административна проверка се врши интервју со Комисијата.
Избраните кандидати задолжително треба да поминат обука пред почетокот на учебната година.
НАПОМЕНА:
Некомплетната и ненавремено доставена документација нема да се разгледува.
Работодавачот го задржува правото на промена на бројот на извршители на работните места во зависност од потребите.
Основно училиште со ресурсен центар
„д-р Златан Сремец“ Скопје