Со голема чест и задоволство ве информираме дека ОУРЦ „др Златан Сремец“ и Интернационалниот балкански универзитет потпишаа Меморандум за соработка!
Овој важен чекор претставува почеток на заеднички активности, размена на искуства, стручно усовршување и зајакнување на врските помеѓу образовните и научно-истражувачките институции. Нашата заедничка цел е создавање инклузивно, квалитетно и современо образование достапно за сите.
Заедно градиме посветла и инклузивна иднина!!