Нашето училиште

Училишната зграда на Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“-Скопје датира од 1932 год. со прекрасна архитектура, перманентно е одржувана и оптимално сочувана.

Нашето училиште е основано со одлука (бр. 07.12900) на Собранието на град Скопје во 1972 год. Во училиштето функционира целодневна настава и продолжен дневен престој. Училиштето има и сопствена кујна за исхрана на ученици.

Училиштето има свое лого и училишна химна и секоја година го одбележува својот патронен празник во првата половина на месец мај.
Ние сме посебно основно училиште за деца попречени во психичкиот развој, мултихендикеп и аутизам, каде се врши воспитание, образование и третман на ученици по програми адаптирани на нивните потреби, можности и способности. Го следиме образовниот курикулум на деветгодишно основно образование, преку индивидуализирање на програмите за работа, изведувајќи настава на два јазика - македонски и албански јазик.
Во секојдневната работа, учениците се опфатени од специјални едукатори - наставници и стручен тим составен од: психолог, логопед, социјален работник и специјален едукатор и рехабилитатор. Во склоп на секојдневната настава, вклучен е и негувател кој се грижи за базичните потреби на децата. 
Секојдневната работа вклучува и соработка со надворешни институции како: Центар за социјални работи (Министерство за труд и социјална политика), Министерство за образование и наука, Биро за развој на образованието, Локална заедница (Општина Кисела Вода), како и сите редовни основни училишта кои имаат потреба од стручна поддршка во однос на инклузијата. 
Зошто да не изберете нас?
Покрај високостручноста и длабоката посветеност на работата, наш приоритет е постојаниот развој во поглед на секојдневната методска работа и пристап кон индивидуалните потреби на секој ученик, следејќи ги нивните специфичности.
Годишна програма за работа на училиштето за учебната 2023/2024 година
Распоред за дополнителна/додатна настава за учебната 2023/2024 година
Прирачник ОПМ училишта | Агенција за Храна и Ветерина
Правилник за организиран превоз на ученици