Актуелно

Запишување на првачиња во учебната 2025/2026 година

Почитувани родители и старатели,

Ве информираме дека започнува запишувањето на ученици во прво одделение за учебната 2025/2026 година во ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ – Скопје.
Запишувањето се врши согласно измените на Законот за основно образование на РСМ (Сл.Весник на РСМ бр. 3/2025).

Рок за запишување: Од 1 мај 2025 до 31 мај 2025 година.

Право на запишување имаат:
  • Деца кои до 31 декември 2025 година ќе наполнат шест години.
Потребни документи за запишување:
  • Извод од матична книга на родените (оригинал или копија);
  • Потврда за примени задолжителни вакцини на детето (издадена од надлежна здравствена установа (оригинал);
  • Потврда за стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа (оригинал);
  • Потврда за офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа (оригинал);
  • Лична карта на родител/старател(фотокопија);
  • Решение за упатување од надлежната комисија за проценка на потребите на децата со попреченост (фотокопија).
Запишување на ученици ќе се реализира во период од 01 - 31.05.2025 год. секој работен ден од 09-13.30 часот.

Закажете термин кај стручната служба на телефон: 075/506-936.

За повеќе информации:
  • Телефон: 022770-446
  • Е-пошта: zlatansremec@yahoo.com
  • Адреса: ул. Емил Зола бр.5
Добредојдовте во нашето училиште каде што секое дете е важно!