Светски ден на волонтерството

Секоја година на 5-ти декември во Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина се одбележува Светскиот ден на волонтерството.
Оваа година Црвениот крст на РСМ го одбележува Светскиот ден на волонтерството, 5-ти декември под мотото “Надеж” со цел да се оддаде признание за придонесот на волонтерите и да се подигне свеста за значењето на волонтирањето и надежта за подобро утре и подостоинствен живот на луѓето која ја носат волонтерите преку активностите и личниот ангажман во локалните заедници.
Оваа година 30 волонтери од повеќе општински организации на Црвениот Крст на град Скопје на овој ден засадија надеж во училишниот двор на ОУРЦ" Д-р Златан Сремец" и ни ги разубавија претстојните празници.
Ви благодариме за Вашата посветеност !!!

Галерија