Одбележување на 3-ти декември 2023 година

По повод 3-ти декември - Меѓународниот ден за подигнување на свесноста на граѓаните за лицата со посебни потреби во нашето училиште гости ни беа учениците од СГГУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје. Денот беше исполнет со многу активности, дружба и искрени насмевки и сите заедно учествуваа во работилницата на тема: "Изработка на макети на геометриски фигури, куќи и елки".
Голема благодарност до учениците и наставниците.
Секој ден нека биде 3-ти декември!

Галерија