Препорачано

"Право на другарство и право на здрав живот за сите"

За среќа е потребно малку, подадена рака, искрена насмевка и вистинско пријателство. Учениците од ОУРЦ „Др. Златан Сремец“- Скопје продолжуваат со агендата за неделата посветена на 3-ти Декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Денес споделија среќа заедно со своите другарчиња во ООУ „Гоце Делчев“ од општина Аеродром. Многу подароци, одлична забава и здрави напитоци беа дел од настанот, сплотени под мотото "Право на другарство и право на здрав живот за сите".

Галерија