Обуки за креирање на Модифицирана програма

Одделението за едукација и координација, врз основа на годишните програми за поддршка на основните општински училишта, а во согласност со нивните барања, изминатите 2 седмици реализираше серија обуки за креирање на Модифицирана програма согласно јаките страни и потребите на секој ученик.
Наставниците и стручните соработници од 80 основни училишта се стекнаа со практични знаења за креирање програма и реализација на настава со ученици со комплексни проблеми. Обуката беше позитивно оценета од страна на учесниците за што сведочат и нивните изјави: "Колку ми беше непознато..., што..., како..., со оваа категорија ученици. Вашето предавање, јасно, концизно, ми даде мотив и желба за работа. Секоја чест на професионалноста."

Галерија