Патронен ден на нашето училиште - 51 година од постоење

Под мотото "Заедничката соработка може да направи разлика“, оваа 2023 година, Патрониот ден на нашето училиште ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ - Скопје, го одбележавме на поинаков начин стремејќи се кон надминување на бариерите, градејќи мостови за создавање на инклузивно општество.
По тој повод се организираа инклузивни работилници со ученици од општинските основни училишта од реонот кој го покрива ресурсниот центар, распределени во четири катчиња (музичко, рекреативно, еколошко-инклузивно, естетско - креативно).
Исто така се одржа и тркалезна маса на која се зборуваше за:
  • Услугите и поддршката која ја обезбедува ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“-Скопје за ООУ на својот реон,
  • Актуелната законска регулатива со која е уредено инклузивното образование,
  • Споделување на добри инклузивни практики, потреби за дополнителна поддршка и предизвици на кои наидуваме при имплементација на инклузивното образование.

Галерија