Кроиме и шиеме по техничко образование

Учениците од подрачната паралелка во ООУ „Ѓорче Петров“, Дексион, денес по предметот техничко образование работеа на корисни вештини за живеење. Преку сликите може да проследите за активностите кои ги обавуваа, а тие вклучуваат: кроење платно по зададена шема, прошивување и шиење на копчиња. Овие активности, покрај тоа што придонесуваат за насочено внимание, поразвиени манипулативни способности и прецизност, претставуваат и битен дел кој придонесува за осамостојување на нашите ученици. 

 

Галерија