Републичка ликовна секција - второ место за нашиот Даре!

По повод "3 Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост", нашето училиште и оваа година учествуваше на традиционалната XXIV Републичка ликовна работилница во организација на ПОУ "Маца Овчарова" Велес, која поради состојбата со пандемијата оваа година беше организирана во вид на ликовен конкурс на тема "Различноста е алка која не поврзува сите".
Честитки за нашиот ученик Дарко Стојановиќ од 8-1 одделение за освоено второ место и менторот Валентина Киткањ.
Им посакуваме уште многу успеси и уште многу награди.
Браво Даре !!!