Посета на министерката за образование по повод 3-ти Декември

Денес Министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски, го посетија нашето училиште и се запознаа со начинот на функционирање и подготовките за преземање на улогата на ресурсен центар за поддршка на инклузијата.
ПОУ „ Д-р Златан Сремец“ - Скопје располага со 37 наставници-специјални едукатори и рехабилитатори, комплетна стручна служба составена од психолог, логопед, социјален работник и специјален едукатор и рехабилитатор.
Користејќи го нашето стручно знаење и искуство, техничка опременост и ресурси, подготвени сме да обезбедиме квалитетна поддршка на целокупното функционирање на училиштата, (менаџментот и воспитно-образовниот кадар) со цел реализација на разумно прилагодување и обезбедување на инфраструктурни и материјално – технички услови за ефективна инклузија на сите ученици без разлика, на нивната попреченост.

Галерија