ГОРДОСТ И УСПЕХ!
„Со огромна чест и радост Ве известуваме дека ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“- Скопје ја доби престижната ознака за eTwinning училиште за учебната 2025/2026 година!“
Ова признание е доказ за нашата континуирана посветеност на:
*Вклучување на иновативни дигитални алатки во наставата
*Промовирање на колаборативното учење и интернационална соработка
*Поттикнување на креативноста кај учениците
*Развој на професионални вештини кај наставниците
Голема благодарност до нашиот тим, учениците и родителите кои се дел од заедничкото учење и напредок!