Со големо задоволство ве известуваме дека нашиот нов проект под наслов
„AutisMath: Иновативни математички активности и дигитални апликации за деца со аутизам“ со
Project Reference Number: 2025-1-TR01-KA220-SCH-000360045, поддржан од Турската Национална Агенција и координиран од
Провинциската дирекција за национално образование – Трабзон, е
одобрен и ќе започне со реализација во декември 2025 година.
Главната цел на проектот, кој ќе се спроведува во соработка со осум партнери од пет различни земји, е
развивање на математички активности и дигитални апликации засновани на игри за ученици на возраст од 6 до 10 години со аутистичен спектар на нарушување
(ASD). Материјалите ќе бидат пилотирани во училиштата, а нивното влијание врз академските постигнувања и процесите на учење кај учениците ќе биде систематски следено и анализирано.
Со проектот сакаме да ги поддржиме математичките искуства на учениците со преку
иновативни, забавни и инклузивни методи, овозможувајќи им да учат со поголема мотивација и самодоверба.
Партнери во проектот:
- Провинциска дирекција за национално образование – Трабзон (координатор)
- Универзитет во Трабзон – Турција
- Португалија / Политехнички институт во Гуарда
- Кајсери / Асоцијација за поддршка на лидери едукатори, волонтери и академици (LEGADDER)
- Специјално образовно училиште „Ердоғду“ (Прво ниво) – Турција
- Србија / Училиште „Mary School Novi Beograd“
- Грција / Дирекција за основно образование на Фтиотида
- Македонија / Основно училиште со ресурсен центар „Д-р Златан Сремец“ – Скопје
Веруваме дека „AutisMath“ ќе придонесе за збогатување на едукативната пракса, зголемување на квалитетот на наставата по математика и развивање на иновативни алатки кои ќе можат да ги користат наставниците и учениците и во иднина.