Задолжителна настава

Задолжителната настава се реализира во една смена, целодневна настава и продолжен дневен престој. Часовите започнуваат во 8:00 часот наутро, за одделенската целодневна настава завршуваат во 14:20, а за предметната настава во 8:00 до 12:45, односно продолжен дневен престој до 14:20 часот. Дежурните дефектолози – наставници остануваат со учениците до 15.20 часот. Секој час трае 40 минути. По вториот час има голем одмор во времетраење од 20 минути, по четвртиот час има одмор од 10 минути, а одморите помеѓу останатите часови траат по 5 минути.
Проширената програма која влегува во состав на Годишната програма на училиштето- опфаќа организирано прифаќање на учениците еден час пред започнувањето на часовите од редовната настава и еден час после завршувањето на часовите од редовната настава, целодневна настава и продолжен дневен престој.

За учениците од I до V одделение, се организира прифаќање на истите еден час пред започнувањето на часовите од редовната настава и организирана целодневна настава.

За учениците од VI, VII, VIII и IX –то одд. се организира прифаќање на истите еден час пред започнувањето на редовната настава и организиран е продолжен дневен престој. Учениците се прифаќаат во 7 часот наутро од страна на дежурниот дефектолог, кој сите ученици ги згрижува во неговиот матичен кабинет. Во тој период застапени се следниве активности: негување на културно-хигиенски навики и обавување на такви обврски; активности кои се од интерес на учениците (слушање музика, играње на музика, гледање ТВ, боење, социјални игри и сл.), како и подготовка на учениците за настава.

Часовите за учениците од I до V одделение,се релизираат преку целодневната настава во времетраење од 08:00 до 14:20 часот. Учениците кои остануваат, дежурниот наставник ги згрижува во својот кабинет до доаѓањето на родителот/старателот, односно до 15:20 часот. Во тој период од денот учениците се одмараат и релаксираат и/ или се активни со игри и активности кои се стого од личен интерес. Учениците од VI , VII, VIII и IX одд. по завршувањето на часовите од редовната настава (08:00 до 11:10/12:00/12:45), својот престој во училиштето го продолжуваат во продолжениот дневен престој. Овде учениците ги реализираат зададените домашни задачи, други училишни обврски, учествуваат во културно-уметнички и други активности кои се во согласност со утврдената програма за работа на училиштето. На тој начин учениците секогаш се навремено прифатени, згрижени и под постојан надзор на дефектолозите. Tрошоците за ужина и ручек за учениците ги покрива Министерството за образование и наука.