Вклучување на семејството во животот и работата на училиштето

Ние како училиште превземаме доволно активности за вклучување на родителите во животот и работата на училиштето. Настојуваме да ја унапредиме и продлабочиме партнерската соработка со родителите преку разни форми и активности. Училиштето е отворено за соработка, која ќе се остварува преку запознавање на родителите со тоа каде ќе може да ја добијат потребната помош во врска со проблемите на кои наидуваат нивните деца во училиштето, односно поконкретно преку одделенските наставници, одделенските раководители и членовите на стручната служба.
Согласно Законот за основно образование, во училиштето функционира и работи Совет на родители. Во него членуваат родители- избрaни на првата родителска средби на почетокот на училишната година (на ниво на класна/одделенска заедница), а преку нив ќе се афирмира и збогатува севкупното функционирање на училиштето. Исто така тројца од родителите се членови во највисокиот орган на управување во училиштето- Училишен одбор.

Во процесот на учење

Соработката на училиштето со родителите се остварува преку повеќе форми: индивидуални контакти, посебни и општи родителски средби. За време на училишната година, училиштето организира најмалку шест родителски средби. Но, во зависност од потребите може да се закаже и дополнителна родителска средба на која би се решавале актуелните проблеми. Родителите се запознаваат со годишната програма за работа, во која и учествуваат со свои предлози и сугестии.

Во активностите на училиштето

Родителите се целосно вклучени во работата и животот на училиштето со свои сугестии, предлози и активно учество во подготовките на училишните претстави со сопствени идеи. Слободните ученички активности, воннаставните активности, натпревари, екскурзии, приредби, работилници и слично, се организираат и реализираат во соработка со родителите, чија што поддршка и присуство го овозможува успешното реализирање на наведените активности.

Вклученост во донесување одлуки

Во училиштето е изготвен распоред за прием на родители од страна на дефектологот-наставник. Секако комуникација со родителите се остварува и по потреба, ако е потребно и секојдневно, но во строго определено време– по часовите. Родителите и понатаму ќе бидат вклучувани во донесувањето на одлуки кога тоа се однесува на интересот на учениците, за разни наставни и воннаставни активности.

Едукација на семејството

Родителите се поттикнуваат за учество во едукативните работилници и предавања организирани од страна на училиштето. За реализација на некои содржини и предавања се вклучуваат родители стручни од соодветната област и се вклучуваат во организирање обуки вo соработка со училиштето.
Исто така родителите посетуваат предавања– десеминации, организирани од дефектолозите кои веќе посетиле обуки.

Изработка на брошура за родители

Училиштето изготвува и доставува до родителите Информатор за целокупната организација на воспитно-образовната работа. За секој важен настан се изготвуваат флаери и брошури.