ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА СПОРТСКА СЕКЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2020/21 ГОДИНА

Одговорен наставник: Марина Пешиќ

Спортската секција во оваа учебна година ќе содржи елементи од Атлетиката како и штафетни игри и полигони, со алтернативни решенија во случај на продолжување на учењето во домашни услови.
 
Општите цели на ова секција се:
  • Да формира позитивни ставови кон физичките активности и спортувањето;
  • Да ги подобрува психомоторните вештини: координација на природните и спортски движења; координација на движењето на целото тело во просторот, силата, брзината, снаодливоста, експлозивноста, еластичноста и рамнотежата;
  • Да се оспособува да умее да ги процени своите физички и спортски способности и можности;
  • Да  се ослободува од стрес состојби и психичка и физичка напнатост со вежбање;
  • Да се развива свесност за сопственото тело;
  • Да ги развива моторичките вештини;
  • Да се оспособува за соработка, тимска работа и фер плеј однесување при изведувањето на игрите и спортувањето;
  • Да применува здравствено – хигиенски навики за чување и унапредување на хигиената и здравјето;
  • Социјализација, релаксација, ориентација во просторот.
 
Во продолжение следат планираните активности:
Планирана активностКонкретни целиВреме на реализација
Запознавање со атлетиката како спортВежбање на елементите од атлетикатаСептември
Техника на трчањеПрепознавање на правилно трчање, развивање интересОктомври
Техника на трчањеРазвивање на координација на рацете и нозетеНоември
Техники на скокањеУчење на техника на скокање (развој на координација и експлозивност)Декември
Увежбување на скокање од местоУвежбување на техниката (развој на координација и експлозивност)Декември/Јануари
Техника на фрлањеУчење на техника на фрлање (развој на координација и мускулите од горниот дел од телото)Февруари
Штафетни игриРазвивање на прецизност, координација и концентрацијаМарт
Штафетни игриРазвивање на прецизност, координација во просторотАприл
ПолигонРазвивање на координација во просторот и активирање на сите мускулни групиМај
ПолигонРазвивање на координација во просторот и активирање на сите мускулни групиЈуни
Дополнителни активности во домашни услови:
Планирана активностКонкретни целиВреме на реализација
Скокање во различни правциПреку оваа активност развиваме концентрација, ако работиме со скокови влијаеме на големите мускулни групи на нозете, развиваме координација и ги учиме правците на движењеСептември
Погоди го центаротСо оваа активност ги активираме стомачните мускули и мускулите на нозете, воедно развиваме концентрација, координација, имагинација и трпениеОктомври
Пренеси ги предметитеНа овој забавен начин се развива имагинација, координација и се активира целото телоНоември
Активирај ги стапалатаСо оваа активност акцент ставаме на стапалата. Влијаеме превентивно на деформитети или пак делуваме терапевтски ако веќе постои деформитет.
Во исто време ги активираме мускулите на нозете и стомачните мускули.
Декември
Скокни на формата/бојатаРазвиваме големи мускулни групи на нозете, координација, учиме бои и формиЈануари
Активност со Јога положбиНа овој забавен начин се развива имагинација, координација и се активира целото телоФевруари
Забавна активност со Јога положбиГо активираме целото тело, развиваме имагинација, го утврдуваме броењето до 10 а на тој начин учиме и трпение и истрајностМарт
Пренеси ги предметите - 2Со оваа активност ги активираме стомачните мускули како и мускулите на нозете, развиваме координација, агилностАприл
Повтори го движењетоРазвиваме меморија, ги утврдуваме боитеМај
Ајде да кугламе!Развиваме координација, прецизностЈуни