Сензорната и снузелен соба се специјално дизајнирани простории кои комбинираат повеќе стимулации за да им помогнат на учениците да ги развиваат и ангажираат сетилата. Тука се вклучени светла, бои, звуци, меки сензорни предмети за игра кои се користат во безбедна средина која му дозволува на ученикот кој ја користи да истражува и да игра без ризик. 
Овие простории им помагаат на учениците со потешкотии во учењето, развојни нарушувања или сензорни нарушувања да научат да комуницираат со светот околу нив, но во безбедна средина која им ја зголемува самодовербата и нивните способности. 
Аспекти на мултиснезорната средина: 
  • РЕЛАКСАЦИЈА: смирување и намалување на надразнетоста преку употреба на нежни светла, смирувачки звуци, релаксирачки мириси и текстури. 
  • СТИМУЛАЦИЈА: обезбедување на стимулација за сите сетила, поттикнувајќи истражување на визуелизации, музика и звуци, мириси и текстури за истражување. 
  • РАЗВОЈ: може да иде корисен алат за учење и развој, преку поврзување на боите, причинско-последичните врски и креирање на тематска средина за учење.
  • ТЕРАПИЈА и ЕДУКАЦИЈА: разновидни интервенции може да се адаптираат за да ги пресретнат потребите на учениците кои ја користат, било за терапевтски или едукативни цели, или пак цели насочени кон сензорната опрема кои служат за смирување или стимулирање. 
Има многу бенефити од употребата на сензорна соба, на кратко ќе ги опишеме следниве:
  • Сензорна стимулација - поттикнува ученикот да се ангажира и да ја истражува средината која што има позитивни ефекти врз способностите за разбирање, реагирање и комуницирање со поширокиот свет околу нив. 
  • Зголемување на учењето преку игра - сензорната соба е изградена имајќи на ум учење и забава. Сензорната игра им помага на учениците да ги развиваат своите сетила, поттикнува решавање на проблеми и гради нервни врски во мозокот. Исто така сензорната стимулација ангажира разни регии во мозокот помагајќи им на децата да впијат и задржат повеќе информации. 
  • Подобрување на рамнотежата, движењата и спацијалната ориентација - сензорната соба помага во развојот на способностите за визуелно процесирање како и на фините и крупните моторни вештини, со што индиректно влијае на секојдневното живеење. 
  • Развој на комуникациски вештини - некои ученици, особено оние со аутизам, имаат потешкотии во вербалната и невербалната комуникација. Интерактивната сензорна соба може да им помогне да се ангажираат повлечените ученици, додека сензорната опрема која се фокусира на звук може да помогне во поттикнувањето на вокализацијата. 
  • Ослободување од стрес - сензорната средина овозможува и нуди комфорт и смирување кај прекуактивни и вознемирени ученици. Слично на тоа, безбедната и контролирана природа на сензорната соба може да им помогне на повлечените ученици да се чувствуваат доволно удобно за да комуницираат со нивната средина. 
  • Подобрување на вниманието - некои ученици имаат потешкотии во фокусирањето. Сензорната опрема е дизајнирана да им помогне на корисниците да се фокусираат на моменталната активност, која претставува битна вештина за учениците да ја развијат со цел да се справат со вистинскиот свет каде што смиреноста и концентрираноста се многу битни. 
  • Промовирање на социјализација - една голема предност од овие простории е што можат да бидат користени самостојно и/или во група. Употребата на сензорната соба во група помага во промоција на социјални вештини во безбедна, смирена и не-стресна средина.