Специфични вежби на психомоторната реедукација вклучуваат: 
  • специфични вежби за дисграфија
  • специфични вежби за дислексија
  • специфични вежби за дискалкулија и дисгнозија
  • специфични вежби за диспраксија
  • специфични вежби за дизартрија
Oпштата психомоторна реедукација го подготвува теренот за примена на специфичните методи. 
Целта на оваа метода е да се реинтегрира функционалната целина на психомоториката на детето од наједноставни до сложени движења.
Нашата задача со примена на оваа метода е да ги обновиме и збогатиме животните искуства на децата за просторот, времето, за другите и за себе. 
Психомоторна реедукација е метод кој овозможува да се отствари комуникација преку телото и моторните движења кај деца со потешкотии во говорот, односно во вербалната комуникација. Овој метод го користи движењето како сензомоторна и психомоторна активност со кој се рекапитулира целиот развоен тек на односот кон себе и другите, формиран за време на сензомоторниот, а подоцна и психомоторниот однос помеѓу детето и светот. 
Во психомоторната реедукација се применуваат општи вежби на психомоторна реедукација и специфични вежби на психомоторна реедукација. 
Општи вежби на психомоторна реедукација вклучуваат: 
  • масажа
  • хидротерапија
  • вежби со пасивни движења
  • вежби за доживување на телесната целина
  • вежби за доживување на гестуалниот простор
  • вежби за осамостојување на движењата
  • вежби за воедначување на мускулниот тонус
  • вежби за откривање, стабилизирање и насочување на латерализацијата
  • вежби за ориентација во објективниот простор
  • вежби за доживување и совладување на ритам
  • вежби за процена на траењето и ориентација во време
  • вежби за координација на движењата
  • вежби за контрола на импулсивноста
  • вежби за препознавање на формата и тежината
  • вежби за воочување на присуството на друг