Означуваме почеток на нов Еразмус+ проект!

На иницијатива на Асоцијацијата Asociacion Amicos започна со реализација проект во рамките на програмата Erasmus+ под наслов "Inc Leisure". Иницијативата има за цел да го обучи воспитно-образовниот кадар за подобрување на инклузијата на децата на училишна возраст во неформални простори. Во период од 23 - 25.05.2022 година, Ресурсниот центар за специјално образование Amicos Asociac од Боиро, Шпанија, беше домаќин на првиот транснационален состанок од програмата Erasmus+, во кој учествува и нашето училиште заедно со центри од Шпанија и Португалија.
 
Здружението Бабилон де Аликанте и две јавни училишта во Португалија и Македонија учествуваат во проектот, кој има за цел преку размена на искуства и споделување на добри практики да го промовира вклучувањето на децата со функционална различност во неформалните простори.