Логопедските третмани се осврнуваат на потешкотиите со говорот и комуникацијата. Логопедот преку своите третмани раоти со учениците на вербалната, невербалната и социјалната комуникација. Главната цел е да му се помогне на ученикот да комуницира на корисен и функционален начин. 
Потешкотиите поврзани со комуникација и говор варираат од ученик до ученик. Поради тоа логопедот ја започнува својата работа со проценка на јаките и слабите страни во комуникацијата кај ученикот. Од таа проценка произлегуваат индивидуалните цели за третман. 
Едни од најчестите цели може да вклучуваат подобрување на вербалниот говор, учење на невербални вештини, како знаци или гестови, или пак учење на комуникација со употреба на алтернативни методи, како слики или технолошки помагала. 
Примери за вештини на кои логопедот може да работи:
  • зајакнување на мускулите на устата, вилицата и вратот
  • чистење на гласовите
  • поврзување на емоциите со соодветните фацијални експресии
  • разбирање на говорот на телото
  • одговарање на прашања
  • поврзување на слика со значење
  • користење на апликации за произведување на точните зборови
  • модулација на гласот
  • алтернативна и аугментативна комуникација
Логопедските третмани се адаптирани на секој ученик индивидуално и вклучуваат третман на јазикот, артикулацијата и/или оралната моторика.