Арт терапијата како метода е многу опширна, бидејќи се однесува на употреба на сите облици на креативни медии поврзани со уметноста.
Тоа може да вклучува:
  • ликовно визуелно изразување,
  • музичко изразување,
  • танц,
  • поезија и
  • драма.
Арт терапијата се базира на идејата дека креативниот процес на креирање на уметост е форма на невербална комуникација на мислите, чувствата и желбите. 
Како сите форми на психотерапија и советување, арт-терапијата се користи за да поттикне личен раст и развој, зголемување на само-спознавањето и да потпомогне во емоционалната репарација. Модалитетот на оваа форма на терапија им помага на лицата од сите возрасти да креираат значење и да достигнат увид, да пронајдат издишка од бура на емоции или трауми, да разрешуваат конфликти и проблеми, да го збогатат секојдневниот живот и да достигнат зголемување на чувството на благосостојба. 

Арт-терапијата се води со верувањето дека сите луѓе имаат капацитет да се изразат креативно и дека крајниот продукт е помалку битен, со што се става акцент на самиот терапевтски процес. Фокусот на арт-терапевтот не е на естетскиот аспект на креирање на уметност, туку на терапевтските потреби на лицето што ги изразува. Битни се: вклученоста на лицето во процесот, изборот и обавувањето на уметничките активности што му се од помош на лицето, поддршка во пронаоѓањето на значење во креативниот процес, и поддршка и споделување на искуството при креирање на уметноста со терапевтот. 

Арт- терапијата кај децата со посебни образовни потреби овозможува поголем степен на самоспознавање, креативност, сигурност, како и задоволство од изработениот продукт. Арт-терапевтот прави палета од сензорна стимулација, каде што пред се обезбедува сигурна, организирана средина, користејќи активности што ќе можат да ја отворат вратата на имагинацијата. Стимулациите како светла (визуелни), миризби (олфакторни), звуци, тактилни дразби некогаш и вкусови се од големо влијание кога се средува просторот за работа.