До
ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ
БРОКЕРСКИ ДРУШТВА
ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ – Скопје на ден 07.10.2026 година објавува:
Покана – Барање за доставување понуди за колективно осигурување на ученици во учебната 2026/ 2027 година
ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ – Кисела Вода, ул.„Емил Зола“ бр.5 - Скопје има потреба од колективно осигурување на ученици во учебната 2026/ 2027 година
Корисник: ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ – Кисела Вода, ул.„Емил Зола“ бр.5, Скопје, е-маил:
zlatansremec@yahoo.com , тел.: 02/ 2770- 446
Предмет: Предмет на огласот на набавката е прибирање на понуда за колективно осигурување на ученици во учебна 2026/2027 година. Претпоставен број: _
100_ ученици од прво до деветто одделение.
УСЛОВИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ:
- Право да поднесат понуда имаат сите заинтересирани осигурителни компании кои се регистрирани за вршење на осигурителна дејност согласно со Законот.
- Понудата треба да ги содржи следните информаци. Износ на премија за осигурување по ученик за учебна 2026/2027 година, односно 1 година од денот на потпишување на договорот.
- Износ на осигурена сума во случај на: Смрт од несреќен случај
- Износ на осигурена сума во случај на: Инвалидитет од несреќен случај
- Износ на осигурена сума во случај на: Трошоци за лекување
- Износ на дневен надомест до 100 денови
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ:
- Рокот за доставување на понудите е 5 работни дена сметано од денот на објавувањето на понудата (огласот) од __07.10__2026 заклучно ___14.10___2026 година. Понудите се доставуваат во архивата на училиштето во периодот од 09.00-12.00 часот секој работен ден во деновите од огласот.
- Понудата која што нема да биде доставена потпишана и заверена од страна на понудувачот како и понуда која што нема да ги содржи сите потребни документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.
Адреса за доставување на понудите:
ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“
Ул. „Емил Зола“ бр.5, Кисела Вода, Скопје
за
Комисија за прибирање на понуди за осигурување на ученици за 2026/2027 учебна година
Понудите може да се достават лично во запечатен плик со назнака:
„
ЗА ОГЛАС – Прибирање на понуди за колективно осигурување на ученици“.
На горниот лев агол на пликот задолжително да биде назначено
„НЕ ОТВОРАЈ“.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ:
Основен критериум за избор на најповолен понудувач претставува износот на количникот од:
- сумата на износите на осигурените суми помножени по коефициентот за вреднување на понудата дадени во табелата подолу
- и премија за осигурување по ученик за учебна 2026/2027 година, односно 1 година од денот на потпишувањето на договорот.
-Право да поднесат понуда имаат сите правни субјекти кои се регистрирани за вршење осигурителна дејност согласно закон.
-Во понудите да се наведе име на фирмата, потпис на одговорно лице и печат.
-Документ за регистрирана дејност од Централен регистар.
Понудата задолжително треба да содржи:
-Износ на осигурена сума по ученик во случај на штета (незгода, болест, повреда, траен инвалидитет, болничко лекување).
| |
Осигурена сума во денари |
| Годишна премија за осигурување по ученик: |
Смрт од несреќен случај |
Инвалидитет од несреќен случај |
Трошоци за лекување |
Дневен надомест до 100 денови |
| |
|
|
|
|
| Коефициент за вреднување на понудата |
* 0.2 |
* 0.3 |
* 0.3 |
* 0.2 * {Број на денови} |
Или искажано со формула:
Вредност Понуда =
Важна напомена: Доколку некоја понуда има повисока премија за осигурување по ученик од онаа која е прифатлива за комисијата, комисијата го задржува правото понудата за конкретната премија за осигурување да не ја земе во предвид при одлучувањето.
ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“
Кисела Вода – Скопје
Комисија за прибирање на понуди
за осигурување на ученици