Актуелно

Оглас за вработување на образовни асистенти

 
 
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен весник на РМ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18), член 19 и член 88 од Закон за основното образование („Службен весник  на Република Северна Македонија“ бр.161/19, 229/20, 3/25, 74/25, 250/25 и 111/26) и Правилникот за норматив за образовниот асистент, описот на компетенциите и работните задачи бр. 12-7828/2 од 10.06.2025 година усвоен од Министерството за образование и наука. Одобрените согласности за вработување на определено работно време за учебната 2026/27 година со број 12-11151/4 од 10.09.2026 година  од Министерството за образование и наука, како  и одлуката на директорот на Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан  Сремец“ Скопје со број 02-663/1 од 10.09.2026 објавува:
 
 
ЈАВЕН ОГЛАС
За вработување на определено работно време на 70 образовни асистенти за ученици со попречености во основното образование
 
Се објавува јавен оглас за вработување на  образовни асистенти на определено работно време за учебната 2026/2027 година, за работа со ученици со попречености во основните училишта во следните општини: Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Сарај и Студеничани, на следните работни места:
Образовен асистент во основно образование:
 
  1. Образовен асистент во одделенска/предметна настава- 51 (педесет и еден) извршител на македонски наставен јазик.
  2. Образовен асистент во одделенска/предметна настава – 19 (деветнаесет) извршители на албански наставен јазик.
 
Општи услови:
  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена состојба за работното место (лекарско уверение не постаро од 12 месеци);
  • со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
  • да не му е изречена привремена мерка за заштита или не му е одземено вршењето на родителско право
  • со правосилна пресуда да не е осуден за кривично дело со казна затвор над шест месеци,
  • да не е член на потесното семејство на лицето на кое би му пружало образовна асистенција.
 
Посебни услови:
Завршено образование: специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, семејнолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, социолог, (со завршено образование VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации  или најмалку 240 ЕКТС), како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации или најмалку 240 ЕКТС), како и лице наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации или најмалку 240 ЕКТС).
Доколку на јавниот оглас не се јави лице со погоре именуваните звања, може да се вработи лице кое се стекнало со најмалку високо образование со траење од четири години, односно (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации или најмалку 240 ЕКТС).
Општи работни компетенции на образовните асистенти:
  • поддршка на учениците со попреченост,
  • соработка со наставниците,
  • соработка со родителите/старателите
  • соработка со стручните работници и инклузивниот тим на ученикот
  • соработка со зедницата
  • комуникација и
  • остварување на резултати.
Распоред на работно време
  • Работни денови понеделник-петок
  • Работно време 8 часови дневно
  • Работното време изнесува 40 часа неделно 
  • Основен надоместок на образовниот асистент: 39,800,00 денари.
  • Времетраењето на работниот однос за кој се ангажира образовниот асистент е за учебната 2026/2027 година.          
 
Потребни документи за пријавување за работните позиции 1 и 2:
  • Барање/Молба,
  • CV/Кратка биографија,
  • Мотивационо писмо за интерес за работното место образовен асистент,
  • Диплома/уверение  за завршено соодветно образование,                                              
  • Уверение за државјанство,
  • Извод од матична книга на родени,
  • Потврда од суд за неосудуваност, (не постара од 6 шест месеци),
  • Потврда од суд дека не му е одземено родителско право,
  • Лекарско уверение за здравствена способност за работа, издадено од овластена здравствена установа која врши дејност медицина на трудот согласно Закон, не постаро од една година од денот на објавување на јавниот оглас),
  • Потврда дека  не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 шест месеци),
  • Доколку има претходно искуство со образовна асистенција на ученик во основото образование се наведува името и презимето на ученикот и училиштето каде учи ученикот.
Документите се доставуваат во рок од 5 (пет) работни дена, од денот на објавувањето на повикот во дневниот печат во затворен плик, лично, во архивата на  ОУРЦ „ д-р Златан Сремец“ Скопје во периодот од 08.30-14.30 часот или исклучиво по брза пошта на адреса: Емил Зола бр. 5 Скопје, со назнака „Јавен оглас за образовен асистент“
Документите се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.
Изборот на кандидатите го врши Комисија формирана од директорот на основното училиште со ресурсен центар.               
Во постапката за избор, по завршената административна проверка се врши интервју со Комисијата.
Избраните кандидати задолжително треба да поминат обука пред почетокот на работниот ангажман.
 
НАПОМЕНА:
Некомплетната и ненавремено доставена документација нема да се разгледува.
Работодавачот го задржува правото на промена на бројот на извршители на работните места во зависност од потребите.
 
 
                                                                                     Основно училиште со ресурсен центар
„д-р Златан Сремец“ Скопје