Ознака за квалитет за еТвининг училиште 2023/2024 година

На 7-ми Септември 2023 година Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги додели Ознаките за квалитет за еТвининг училишта на ниво на Р.С. Македонија. Меѓу 24 училишта оваа година се најде и нашето училиште кое се здоби со ова признание. 

На настанот збор земаа директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, одговорните за одделот за еТвиниг и две училишта споделија добри практики. 

еТвининг училиштата се официјално признаени на Европско ниво како модели за практикување на еТвининг проекти во мрежата од водечки училишта кои практикуваат заедничко лидерство, соработка и тимска работа, капацитет за делување на учениците, инклузија и иновација и претставување пример за други училишта.

Ова признание ни дава мотивација и понатаму да се вклучуваме во интернационални проекти со училишта сродни во нашата област и да го богатиме нашето практично искуство. 

 

Галерија