Известување за запишување на ученици во прво одделение за учебната 2022/2023 година

Врз основа на член 60 и 61 од Законот за основно образование (Службен весник на РСМ, бр. 161 од 05.08.2019 година) директорот на ОУРЦ „Д-р Златан Сремец' - Скопје го донесе следново известување за упис на првачиња за учебната 2022/2023 година: 

Потребни документи за упис:
  • Извод од матична книга на родените (фотокопија); 
  • Лична карта од родителот/старателот - на увид;
  • Потврда  за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна институција;
  • Потврда од стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа;
  • Потврда за офталмолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа, односно упат за закажан офталмолошки преглед;
  • Мислење/ функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ;
  • По исклучок детето може да се запише во (1) прво одделение доколку е родено до 31 јануари 2016 година, по барање на родителот и со добиено мислење од специјален едукатор и рехабилитатор и психолог од училиштето;
  • Уписот ќе се реализира од 01.05 до 31.05.2022 година секој работен ден од 9:00 до 13:00 часот, со претходно закажување на термин кaj комисијата за запишување ученици на тел. 02/2770-446 или електронска пошта zlatansremec@yahoo.com;
  • Потребната документација за упис може да се достави и по електронски пат на националниот поратал за е-Услуги: uslugi.gov.mk, оваа апликација е достапна од 01.05.2022 година;
  • За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла на училиштето најдоцна до 15 Јуни 2021 година.
При упис на ученикот задолжително е да присуство на еден родител со лична карта (за увид), кој пополнува пријава за упис и формулар за збирка на податоци за родители и ученици. Запишувањето на децата се врши кај комисијата за упис, од 01.05 - 31.05.2022 година секој работен ден до 13 часот.