ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на определено работно време

 
 
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен весник на РМ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18), член 19 став (7) и член 88 од Закон за основното образование („Службен весник  на Република Северна Македонија“ бр.161/19 и 229/201, 3/25 и 74/25), Правилникот за норматив за образовниот асистент, описот на компетенциите и работните задачи бр. 12-7828/2 од 10.06.2025 година донесен од Министерството за образование и наука и Правилникот за начинот на побарување на образовен асистент, начинот на селекција и избор на образовен асистент, како и програмата за обука на образовен асистент (Сл. весник на РСМ, бр. 142 од 15.07.2025 година) . Одобрените согласности за вработување на определено работно време со  бр. 12–8071/2 од 17.06.2025 година, бр. 12-9351/4 од 28.07.2025 година, бр. 12-8557/2 од 15.07.2025 година и бр. 12-9547/3 од 28.07.2025 година, за учебната 2025/2026 година од Министерството за образование и наука, како  и одлуката на директорот на Основното училиште со ресурсен центар „Д-р Златан  Сремец“ Скопје со број 02-546/1 од 28.07.2025 објавува:
 
 
ЈАВЕН ОГЛАС
За вработување на определено работно време на 74 (седумдесет и четири) образовни асистенти за ученици со попречености во основното образование, 1 (еден) специјален едукатор и рехабилитатор,  1 (еден) стручен соработник - специјален едукатор и рехабилитатор и 1 (еден) наставник по предметот работа со компјутер, на определено работно време во учебната 2025/2026 година
 
 
Се објавува јавен оглас за вработување на образовни асистенти, на определено работно време за учебната 2025/2026 година, за работа со ученици со попречености во основните училишта во следните општини: Јегуновце, Теарце, Тетово, Желино, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуша, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Сарај, Сопиште, Студеничани, стручни соработници – специјални едукатори и рехабилитатори и наставник по предметот работа со компјутер, на следните работни места:
  1. Образовен асистент во одделенска/предметна настава - 48 (четриесет и осум) извршители на македонски наставен јазик.
  2. Образовен асистент во одделенска/предметна настава – 24 (дваесет и четири) извршители на албански наставен јазик.
  3. Образовен асистент во одделенска/предметна настава – 2 (два) извршители на турски наставен јазик
  4. Специјален едукатор и рехабилитатор: 1 (еден) извршител, со фонд од 20 наставни часа неделно.
  5. Стручен соработник-специјален едукатор и рехабилитатор: 1 (еден) извршител, замена за именуван директор.
  6. Наставник по предметот работа со компјутер – 1 (еден) извршител во основно училиште со ресурсен центар со фонд од 10 наставни часа неделно.
 
За работно место под реден број 1, 2, 3, 4, 5 и 6:
 
Општи услови:
  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена состојба за работното место (лекарско уверение не постаро од 12 месеци);
  • со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
  • да не му е изречена привремена мерка за заштита или не му е одземено вршењето на родителско право
  • со правосилна пресуда да не е осуден за кривично дело со казна затвор над шест месеци,
  • да не е член на потесното семејство на лицето на кое би му пружало образовна асистенција.
 
Посебни услови:
За работно место под број 1, 2 и 3 - Образовен асистент, завршено образование за:
Завршено образование: специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, семејнолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, социолог (со завршено образование VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации  или најмалку 240 ЕКТС), како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации или најмалку 240 ЕКТС), како и лице наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации или најмалку 240 ЕКТС).
Доколку на јавниот оглас не се јави лице со погоре именуваните звања, може да се вработи лице кое се стекнало со најмалку високо образование со траење од четири години, односно (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации или најмалку 240 ЕКТС).
Општи работни компетенции на образовните асистенти:
  • поддршка на учениците со попреченост,
  • соработка со наставниците,
  • соработка со родителите/старателите
  • соработка со стручните работници и инклузивниот тим на ученикот
  • соработка со зедницата
  • комуникација и
  • остварување на резултати.
Распоред на работно време
  • Работни денови понеделник-петок
  • Работно време 8 часови дневно
  • Работното време изнесува 40 часа неделно 
  • Основен надоместок на образовниот асистент: 37,034,00 денари.
  • Времетраењето на работниот однос за кој се ангажира образовниот асистент е за учебната 2025/2026 година.
 
За работно место под број 4 и 5 - Стручен соработник-специјален едукатор и рехабилитатор
Кандидатите под точка 4 и 5 покрај општите и посебните услови треба да ги достават слeдните документи:
  • Диплома за завршено соодветно високо образование, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на Филозофскиот факултет – Институт за дефектологија, Специјална едукација и рехабилитација;
Распоред на работно време за Стручен соработник-специјален едукатор и рехабилитатор:
  • Работни денови понеделник-петок од 7:00 до 15:00 часот
  • Работно време 8 часови дневно
  • Работни часови неделно 40
  • Основен надоместок на Стручен соработник-специјален едукатор и рехабилитатор: 40.571,00 денари.
  • Времетраењето на работниот однос за кој се ангажираат стручените соработници - специјален едукатор и рехабилитатор е за учебната 2025/2026 година.
За работно место под број 6 - Наставник по предметот работа со компјутер:
  • Диплома за завршено соодветно високо образование, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на студии по информатика, наставна насока или применета насока со педагошка и методска подготовка.
Распоред на работно време
  • Работни денови понеделник-петок
  • Основен надоместок на наставник по предметот работа со компјутер: 20.237,00 денари.
  • Времетраењето на работниот однос за кој се ангажира наставникот по предметот работа со компјутер е за учебната 2025/2026 година.
 
Потребни документи за пријавување на сите работни позиции (реден број 1,2,3, 4, 5 и 6):
  • Барање/Молба,
  • CV/Кратка биографија,
  • Мотивационо писмо за интерес за работното место (со наведена работна позиција за која аплицирате),
  • Диплома/уверение  за завршено соодветно образование,                                              
  • Уверение за државјанство,
  • Извод од матична книга на родени,
  • Потврда од суд за неосудуваност (не постара од 6 шест месеци),
  • Потврда од суд дека не му е одземено родителско право (не постара од 6 шест месеци),
  • Да има општа здравствена состојба за работното место (лекарско уверение не постаро од 12 месеци),
  • Потврда дека  не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 шест месеци),
  • За работните места под број 1, 2 и 3 - Доколку има претходно искуство со образовна асистенција на ученик во основото образование се наведува името и презимето на ученикот и училиштето каде учи ученикот.
 
Документите се доставуваат во рок од 3 (три) работни дена, од денот на објавувањето на повикот во дневниот печат во затворен плик, лично, во архивата на  ОУРЦ „ д-р Златан Сремец“ Скопје во периодот од 08.30-14.30 часот или исклучиво по брза пошта на адреса: Емил Зола бр. 5 Скопје, со назнака „Јавен оглас “
Документите се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.
Изборот на кандидатите го врши Комисија формирана од директорот на основното училиште со ресурсен центар.               
Во постапката за избор, по завршената административна проверка се врши интервју со Комисијата.
Избраните кандидати под реден број 1, 2 и 3 задолжително треба да поминат обука пред почетокот на учебната година.
 
 
НАПОМЕНА:
Некомплетната и ненавремено доставена документација нема да се разгледува.
Работодавачот го задржува правото на промена на бројот на извршители на работните места во зависност од потребите.
 
 
 
     Основно училиште со ресурсен центар
„Д-р Златан Сремец“ Скопје