Меѓународна посета на студенти од БИХ

Во периодот од 22 до 24 ноември 2023 година, група студенти од четврта година на Педагошкиот факултет, Катедрата за образование и рехабилитација од Сараево, Р. Босна и Херцеговина, ја посетија Македонија, каде имаа можност да се запознаат со нашиот систем на инклузивно образование. Покрај Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов -Скопје, го посетија и нашето училиште OURC "D-r Zlatan Sremec" каде имаа можност поблиску да се запознаат со нашата дејност. Покрај посетата на споменатите институции, студентите беа гости и на Филозофскиот факултет, односно на Институтот за специјална едукација и рехабилитација во Скопје.
Ви благодариме на посетата и интересот за нашата институција!

Галерија