Светскиот ден на планетата Земја

Нашето училиште во соработка со Волонтерски Центар Скопје - Volunteers Centre Skopje се приклучија кон одбележување на Светскиот ден на планетата земја.
Во текот на денот нашите ученици беа вклучени во разни активности заедно со волонтерите, како чистење на училишниот двор од отпадоци и присуствување на куклена претстава.
Во склоп со наставата учениците креираа убави цртежи и пароли за планетата Земја и учеа за значењето на овој посебен светски ден. Нашата цел е да ја подигнеме свесноста за планетата во која живееме бидејќи резервна планета немаме.

Галерија