Инклузивни неформални места во нашата држава

Образовните системи го промовираат формалното учење, кое ја следи наставна програма и е намерно во смисла дека учењето е цел на сите активности во кои се вклучени учениците. Неформалното учење се одвива надвор од формалните средини за учење, но во некаква организациска рамка: часови по пливање, спортски клубови од различни видови за сите возрасти, групи за читање, дебатни друштва, аматерски хорови и оркестри итн. Неформалното учење е доброволно и е неизбежен дел од секојдневниот живот. Ова е причината поради која се нарекува искуствено учење.

ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ - Скопје преку програмата за воннаставни активности активно ги вклучува учениците во искуствено учење преку различни работилници, посети итн. Како партнер во Ерасмус+ проектот "INC-Leisure", ОУРЦ „Д-р Златан Сремец"- Скопје, преку размена на искуства и споделување на добри практики ja промовира инклузијата на децата со функционална различност во неформалните простори.

Разбирајќи ја важноста на просторите за неформално учење, во рамките на активностите од проектот ќе придонесеме за промовирање и подобрување на инклузијата и вклучување на децата на училишна возраст во неформалните простори, преку развивање на различни социјални и комуникациски вештини.