-
13.10.2021
-
Активности, За животот на учениците
Оваа година детската недела ја одбележавме со повеќе активности кои ни ја разубавија и ни ја исполнија неделата. Организиравме еко-акција за чистење на училишниот двор, ја посетивме зоолошката градина, учествувавме во забавни спортски игри во нашиот училишен двор, креиравме и подарувавме честитки за нашите нови првачиња-другарчиња и официјално ги примивме во Детската организација и последниот ден не не послужи времето но затоа се забавуваме со музика во нашиот училишен хол.
Добредојдовте првачиња!!!