Спортски игри за ученици со посебни потреби во Охрид

Федерација на училишен спорт на Македонија, во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука, овој викенд, 01-03.10.2021, во Охрид, во Студентскиот дом ДСД "Никола Карев", организираат спортски игри за ученици со посебни потреби, од основното и средното образование.
 
Среќни сме што и нашето училиште е дел од овој прекрасен настан се' во духот на спортот и движењето. Имавме различни физички активности како и еден натпреварувачки дел па среќата, радоста и возбудата беа присутни цело време! На крајот на денот сите учесници добија признанија за учеството во овој прекрасен настан.

Третиот ден беше резервиран за визуени задоволства. Како за крај на оваа совршено организирана дружба за тродневна среќа, нашиот бисер Охрид и неговите убавини, и покрај уморот од сите активности, не не' оставија рамнодушни!
 
Благодарност на Федерација на училишен спорт на Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука, како и Студентскиот дом ДСД "Никола Карев" -Охрид!
 

Галерија