КОН 40 ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

Во мај 2012 година се навршуваат 40 години од постоењето на ПОУ „Д-р. Златан Сремец„ од Скопје. Тоа се 40 години на хумана работа, 40 години посветени на децата со посебни образовни потреби и развојни проблеми. Од далечната 1972 година па се до денес е сработено многу, а се постигнало уште повеќе. Низ годините средствата за работа се менувале, условите за работа исто така, се менуваме и ние вработените во установата. Но, дејноста на Училиштето останува иста – а тоа е третман, воспитание и образование на децата со посебни образовни потреби и развојни проблеми.

Годинешново јубилејно празнување претставува можност за искажување на сопственото достоинство и воедно најдобар начин на кој ќе ја образложиме нашата иницијатива и инвентивноста во третманот, воспитувањето и образованието на децата со посебни образовни потреби – како да биде среќно, како да се радува, како да биде прифатено и почитувано од околината.

Тоа е повод за изготвување на оваа монографија во која ќе бидат прикажани, запишани и зачувани од заборав најзначајните мигови од работата и постигнатите резултати на дефектолошкиот, стручниот и друг кадар на училиштето, низ годините наназат.

Јубилејната година нека биде уште еден поттик за релевантните институции, локалната самоуправа и сите добронамерни и хумани луѓе да продолжат да се грижат и понатаму да придонесуваат за подобра и посветла иднина на овие деца.

КАКО ПОЧНАВМЕ?

Идејата за отворање на училиште во кое ќе бидат опфатени деца со ментална ретардација (деца со посебни образовни потреби и развојни проблеми) датира уште од далечната 1971 год.

Основоположник на училиштето е големиот македонски хуманист проф. Д-р. Љупчо Ајдински кој целиот свој живот íго посвети на работата со лица со посебни образовни потреби и развојни проблеми. Имено, во 1972 година формирана е Матична комисија за отворање на специјално училиште, составена од 7 члена, на чело со претседателот Алојз Пипан. Комисијата работи врз основа на елаборат / Идејна програма изготвен од тогашниот подсекретар на Секретаријатот за народно здравје и социјална политика проф. д-р Љупчо Ајдински. Така, согласно решението на Собранието на град Скопје – број 07 12900 од 02.06.1972 год. основано е Специјалното основно училиште „Д-р Златан Сремец„ од Скопје (денес ПОУ „Д-р. Златан Сремец„ – Скопје). Истото решение е регистрирано при Окружниот суд бр. 706 стр. 1017 свеска III на 13.06.1972 година. Училиштето е верифицирано со решение 15-2420/1 од 13.12.`85 од Општинскиот комитет за образование, култура и физичка култура на Собрание на Општина Кисела Вода. Матичната комисија наименува В.Д. директор на училиштето кој ги прави сите потребни подготовки за нормално отпочнување со настава. Училиштето отпочнува со работа на 28.08.1972 година кога е одржан првиот Наставнички совет, со што се конституирани и другите органи на училиштето и воедно се направени подготовки за нормално отпочнување со настава. Прв избран директор на ова училиште е дотогашниот В.Д. директор Спасовски  Пано, а од 2007 год. е Мери Стојкова.

На 01.09.1972 год. училишното ѕвонче го најавува првиот час на ново формираното училиште СОУ „Д-р Златан Сремец„ – Скопје. Основната дејност на училиштето е воспитување и образование на ученици со посебни образовни потреби и развојни проблеми кои се со место на живеење од десната страна на реката Вардар. Воспитно-образовната дејност и рехабилитацискиот процес во училиштето се оставаруваат преку Планови и програми наменети за оваа популација на деца, со цели и задачи кои се во согласност со зачуваните психо-физички можности и способности на учениците.

ДЕНЕС

Во времето на 40 годишното постоење училиштето претрпува низа трансформации добивајќи ја денешната физиономија.

Училиштето како едно од вкупно четирите училишта за ученици со посебни образовни потреби на ниво на Р.Македонија, ужива висок рејтинг и препознатлив имиџ. Ова eучилиштекое е извор на насмевки и знаења. Тоа е простор каде што и најтешкото за децата станува најлесно.

 

Во ПОУ „Д-р. Златан Сремец„-Скопје, учениците посетуваат осумгодишно, односно од неодамна (2008/2009 год.) и деветгодишно образование. Сите ученици за сега се распоредени во одделенија од Iдо VIII , плус две аутистични паралелки, односно заедно со подрачните во вкупно 26 паралелки. Одделенската настава се изведува како целодневна настава, додека предметната настава во централното училиште, се изведува во една смена. Учениците од целодневна настава и продолжениот дефектолошки третман продолжуваат да работат и во втората смена.

Наставата во подрачните паралелки се изведува согласно смените на тамошните училишта. Подрачните паралелки се опфатени во: ОУ „Кузман Шапкарев„ – н. Драчево; ОУ „Страшо Пинџур„ – н. Даме Груев; ОУ „Вера Циривири-Трена„ – н. Карпош; ОУ „Дитурија„ – с. Сарај; ОУ „Наим Фрашери„ – с. Студеничани; ОУ „Ѓорче Петров„ – н. Ѓорче Петров; ОУ „Димитар Македонски„ – н. Лисиче.

Визијата и мисијата кон кои се стреми училиштето се остваруваат преку целосната предаденост и посветеност на директорот, наставно-дефектолошкиот кадар и членовите на Стручната служба, во процесот на воспитание, образование, рехабилитација и третман на учениците. Сите вработени, вклучувајќи ги и административно – техничкиот кадар, се грижат за здравјето, безбедноста и благосостојбата на учениците, со целата своја стручност и хуманост, емпатично пристапување во решавањето на проблеми како кај учениците, така и кај нивните семејства.

За обезбедување грижа, благосостојба и заштита на децата како форми и активности се користат непосредниот разговор, советување, стручни предавања и систематски прегледи поврзани со здравјето, предавања во врска со правата на детето, вклучување во ученичките организации и др.

Во текот на тековната учебна година во холот на училиштето континуирано се изложуваат ученички трудови и проектни активности на учениците од различни наставни предмети.

Покрај воспитно-образовниот часовен систем кој секогаш почнува и завршува со огласување на училишното ѕвонче, во комплетниот процес на рехабилитација особено место завземаат воннаставните активности. Тиеги опфаќаат следниве содржини:

– слободни ученички активности;

– екскурзии и излети;

– општествено-корисна работа;

– заштита и унапредување на здравјето на учениците и култура на живеење;

-следење и унапредување на воспитно – образовната работа и

-општествено – културна дејност.

Сиве овие активности се директно поврзани со нашата крајна цел, а тоа е градење на етичките и културните вредности на секој поединец, анимирање на целокупната личност на ученикот и негово квалитетно и организирано вклучување како рамноправен член во општествената средина.

Досегашната пракса ни покажува дека квалитетно организираното слободно време на нашите деца преку разни секции и работилници, позитивно се рефлектира на откривањето на нивните афинитети, способности и идната професионална ориентација.

Дејност  во  училиштето

 

Наставата се одвива според плановите и програмите утврдени од Бирото за развој, во чиј состав се дополнителната настава и слободните ученички активности.

 10588846_10202311454252985_1560913750_n

Наставата во училиштето се одвива во објект од тврда градба и наполно одговара на барањата за изведување на современата настава. Располагаме со спортски терен, училишен двор кој е пристојно уреден, требнизи, клупи, корпи за отпадоци.

Опременоста на училиштето според критериумите  и нормативите ги задоволува условите за изведување воспитно-образовниот процес во нашето училиште. Во училиштето наставата се изведува во училници и кабинети, а  располага и со додатни простории .

Обезбедениот воспитно-образовен кадар во целост ги задоволува критериумите за реализација на наставата. Од вкупно 31 наставника- дефектолози како и психолог, социјален работник и логопед во стручната служба .Освен во централното училиште од вкупно 123 ученици наставата се реализира во уште 9 подрачни паралелки дисперзирани во кругот на 7 основни училишта од десната страна на р.Вардар .

 

 

     ИСХРАНА НА УЧЕНИЦИТЕ

 

Во училиштето е организирана исхрана на учениците:

  • За  учениците од дневниот престој и продолжениот дневен  престој, организиран е појадок и ручек (храната се приготвува во училишната кујна)
  • За  учениците од другите паралелки ќе се дистрибуира ужинка