K1- Increasing Competencies of Special Education Teachers for Teaching Pupils with Autism Spectrum Disorders (ASD)

01.10.2018 – 30.09.2019

 

Ве известуваме дека на ПОУ „Д-р Златан Сремец“ му се одобрени финансирања од Еразмус + програмата на ЕУ за клучна акција 101 (Мобилност на наставен кадар во училишното образование) за проектот „Зголемување на компетенциите на наставниците специјални едукатори за работа со ученици со аутистичен спектар на нарушување“ (Increasing Competencies of Special Education Teachers for Teaching Pupils with Autism Spectrum Disorders (ASD)). Проектот е кординиран од страна на д-р Јасмина Трошанска а стручниот тим за негова реализација го сочинуваат Марија Делетиќ – директор на училиштето, Ана Шикалеска – наставник дефектолог, Билјана Кујунџиќ Настевска – наставник дефектолог, Мери Нолчева – наставник дефектолог и Бранко Милески – секретар во училиштето.

Целите на проектот се:

  1. Зголемување на знаењата и компетенциите на вработените во училиштето во примена на специфични методи и простапи во работата со учениците со аутизам.
  2. Зголемување на капацитетите на нашето училиште за управување со проекти.
  3. Пренесување на знаењата на сите вработени во училиштето.

Проектот ќе се спроведува во три дела:

  • Пред мобилност – конкурс за одбирање на учесници, подготовка на учесниците и склучување на договори;
  • Мобилност – подготовка на потврда за учество во мобилноста, координација и надгледување на учесниците во мобилноста и
  • Период после завршување на мобилноста – пишување на извештаи, евалуација и дисеминација.

Со овој проект планирано е да бидат вклучени 10 наставници дефектолизи кои ќе посетат посебни училишта во Нортхемптон, Велика Британија. Соработката со училиштата е овозможена преку посредство на организацијата Таргет Аутизам од Нортхемптон која долги години соработува со училиштата.

Autism Spectrum Disorder – Empowering and Supporting Teachers

(K2, Erasmus+)

Прв интернационален состанок – ПОУ “Д-р Златан Сремец” дел од проектот Autism Spectrum Disorder – Empowering and Supporting Teachers (K2, Erasmus+) Во следните две години ќе соработуваме со нашите партнери од Велика Британија, Хрватска, Полска и Брисел, и ќе бидеме раководени од страна на нашите познати поддржувачи и пријатели од Универзитетот во Нортхемптон. Со овој проект ќе развиваме тренинг за наставници за работа со ученици со аутизам во Хрватска, Македонија и Полска.

Проект “Мозаик”

Во соработка со Волонтерски Центар Скопје и благодарение на нашата волонтерка од Мировен Корпус, успешно беше реализирана првата работилница за конструирање мали мозаици под водство на уметник Мила Ивановска на 19.02.2016 година. На работилницата присуствуваа ученици, родители, наставници и волонтери кои изработуваа мозаици, со цел собирање средства за голем училишен мозаик. Со тоа започнавме on line кампања со видео, за донации на следниов линk: gogetfunding.com

Проект “Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство”

        Во рамките на склучениот меморандум за соработка со Македонското научно здружение за аутизам, ПОУ Д-р Златан Сремец учествува во реализацијата на проектот “Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство”(Equity and Social Inclusion trough Positive Parenting), во рамките на Еразмус + програмата, преку обезбедување на простор за реализација на првата обука.
        Во првата обука вклучени најголем дел од родителите на децата со аутизам од училиштето, а и поголем дел од тренерите се вработени во училиштето. Ова претставува одлична можност родителите да се обучат за справување со проблемите со своите деца а дефектолозите од училиштето да се здобијат со знаења и вештини за советување на родители. Во рамките на проектот во Р. Македонија ќе се организираат 6 обуки и една конференција за едукација на родители на деца со аутизам. Координатор на проектот е Универзитетот Нортхемптон, а додека пак партнерски организации се: Едукациско-рехабилитацискиот факултет од Загреб, Центар за аутизам од Загреб, Аутизам Европа со седиште во Белгија, Центар за развој и поддршка на деца и
адолесценти со аутистичен спектар на нарушувања од Кипар, Европски универзитет од Кипар, Македонско научно здружение за аутизам од Македонија, Таргет аутизам и Аутизам Консерн од Англија. Повеќе за проектот можете да прочитате на: http://www.esipp.eu
        Првиот дел од првата обука, проектот Equity and Social Inclusion trough Positive Parenting (ESIPP) се одржа на 19 и 20 Март, 2016г. Тренери на обуката беа Angela Capper и Ron Fortuna од Англија Велика Британија, а тренери од Р. Македонија беа Јасмина Трошанска, Миодраг Вујовиќ, Билјана Кујунџиќ Настевска, Ана Шикалеска и Филип Јуртовски. Во првиот дел беа опфатени теми посветени главно на однесувањето на децата со аутизам и можните начини со справување на предизвикувачкото однесување.
Вториот дел од обуката ќе се одржи на 17 и 18 Јуни 2016 година. Во рамките на вториот дел ќе бидат опфатени теми за можните облици на функционална комуникација. На овој настан ќе биде присутен и директорот на проектот Професорот David Preece кој на група заинтересирани родители ќе им одржи кратка обука за пубертетот кај децата со аутизам.