ДРАМСКО-РЕЦИТАТОРСКА СЕКЦИЈА

Реализацијата на оваа воннаставна активност подразбира активна работа со учениците на полето на: дикцијата, движењата, интонацијата, глумата. Се читаат, анализираат, меморираат и рецитираат песни од познати поети. Истовремено, учениците се запознаваат со терминологијата и усвојуваат поими кои се во врска со драмската/поетската уметност, развиваат талент за глума и се оспособуваат своите мисли и чувства да ги изразуваат преку движења и говор.

M2081S-1028

На часовите се работи на осмислување, увежбување и реализација на мали драмски игри за ослободување во просторот, за концентрација, внимание, за ослободување и култивирање на говорот и игра во дијалозите. Покрај редовните вежби за опуштање, за глас, дикција, движења, гримаси / фацијална експресија, учениците активно учествуваат во изработување на кореографијата и сценографијата за одредени деллови во кои и самите учествуваат. На тој начин учениците ја покажуваат својата креативност, способноста за комуникација, слобода на мислење, стекнуваат работни навики, интерес, слобода на изразување и организирано и културно слободно време. Своите глумeчки способности учениците имаат можност да ги покажат на голем број јавни настапи и сите приредби организирани во училиштето. Посетите на театарски претстави се исто така составен сегмент на драмската секција.

 dsfsdaafdsafs

 

ЕКОЛОШКА СЕКЦИЈА

4

Еколошката секција му дава посебна убавина и дух на нашиот работен простор.  Во неа членуваат ученици кои имаат посебен афинитет кон Екологијата и заштитата на животната средина. Еко-секцијата е место каде учениците можат да се однесуваат слободно, место каде нивните идеи доаѓаат до израз.

5

Активностите опфаќаат вежби кои имаат за цел развој на свеста за позитивен однос кон животната средина. Во таа насока се изведуваат активности коиќе допринесат за полесно примање на екологијата како наука и заштита на животната средина, како полиња кои нудат можности за креативно размислување.

 

РИТМИЧКА СЕКЦИЈА

6 M2081S-1028

Учениците кои се воспитуваат и образуваат во нашето училиште со задоволство учествуваат во активностите на ритмичката секција. За секоја приредба се подготвуваат нови точки во кои учествуваат различни деца. На тој начин се дава можност скоро на секој ученик да ја почуствува убавината на јавниот настап, што е една од целите на оваа секција.

Учеството на приредби, аплаузот од родителите, другарите, наставниците и другите гости е најубавата награда за вложениот труд на членовите на ритмичката секција.

                                        

ХОРСКА СЕКЦИЈА

Оваа секција ги опфеќа сите ученици од II до VIII одд., кои имаат желба и афинитети кон пеењето и музиката, а кои сепак се со различни интелектуални и музички способности. Главна карактеристика е што како членови на секцијата се јавуваат и самите наставници-дефектолози.

8

Преку активностите кои што се реализираат, се тежнее кон унапредување на различните видови на музички развој – перцептивен, појмовен, афективен, психомоторен, вокален; развој на музичките способности и самата музичка изведба, а сето тоа е заради сеопшт развој на ученикот. Членовите на секцијата настапуваат на сите приредби во склоп на училиштето, но и на други културно-забавни активности, што секако претставува дополнителен поттик за работа на учениците во рамки на секцијата. Секако, најразлични посети на опери, концерти и други музички збиднувања се составен дел од активностите на оваа секција.


ФОЛКЛОРНА СЕКЦИЈА

Работата на фолклорната секција се заснова на запознавање и усвојување на фолклорните игри од просторите на цела Македонија. При тоа учениците се запознаваат со културата и традицијата на различните нации и етнички групи. На тој начин се настојува кај децата да се развие толеранција и почит кон другите.

9

Играњето во оро меѓусебно ги поврзува учениците, а особено е важно што поединецот го вклопува во колектив и на еден многу суптилен и неприметен начин создава играорци.

Учениците преку својата максимална предаденост, ангажираност и мотивираност остваруваат доста успешни настапи на сите училишни и вонучилишни манифестации, штое уште еден потстрек за понатамошна успешна работа.

 

ЛИКОВНА СЕКЦИЈА

10

Уметноста е нераскинлив дел од животот. Ликовниот израз во суштинаго претставува ликовниот говор, кој е вроден кај секое дете, без оглед на степенот на интелигенција, наследни фактори, средината и опкружувањето во кое детето е родено и каде живее. Ликовната секција е всушност многу убава игра со децата, каде детската фантазија станува жива. Преку игра и неформален начин на работа, учениците се запознаваат со различни ликовни материјали и техники и изработуваат бројни цртежи и предмети кои ја отсликуваат нивната креативност, естетика и самостојност во работата.

11


ТЕХНИЧКА СЕКЦИЈА

Техничката секција им нуди можности на децата за нивна правилна ориентација при изборот на идното работно занимање. Во исто време, овозможува откривање и афирмирање на детската личност, стекнување верба и создавање на реална слика за сопствените вредности, можности и способности, откривање на скриените таленти и запознавање со новините и иновациите на науката, техниката и технологијата. Преку организираната и наменски планираната работа се развива креативноста кај децата и најважно од сè, организирано и корисно го исполнуваат своето слободно време.

Во текот на изведувањето на вежби, дететосе оспособува за правилна употреба и користење на материјалот и приборот за работа и негово одржување. Вежбите имаат за цел развивање на работни навики, развивање на фината моторика на прстите, развој на сензоно-перцептивни искуства, способност за тимска работа, соработка, јакнење на взаемни односи, самостојност и сл.

 

СПОРТСКА СЕКЦИЈА

Спортската секција се  одвива во рамките на наставата по физичко и здравствено образование. Преку спортските активности учениците ја задоволуваатсвојата потреба за движење, стекнуваат нови и истовремено ги богатат веќе стекнатите моторни искуства. Освен тоа стекнуваат навики за почитување на правила на игра, се учат на толерантност, тимска игра и соработка, стекнуваат чувство за ред, дисциплина, одговорност и одлучност.

12

Досегашното искуство покажува дека работата на спортската секција е од особена важност за подобрување на општата здравствена состојба на учениците, социјализација, подобра и поголема интеграција во општеството. Во склад со индивидуалните можности и способности, спортски активности кои се реализираат во рамките на секцијата се од областа на  корективната гимнастика, фудбалот, атлетиката, кошарката, пинг-понг и др.

13

Бројните признанија, пехари и медали освоени на општински, регионални и национални натпревари, самите по себе говорат резултатите од работата на оваа секција.

14

 

СТРУЧНА СЛУЖБА

Современото посебно училиште „Д-р Златан Сремец„ е препознатливо по тимската работа на членовите на Стручната служба и дефектолозите. На тој начин успешно се реализира целокупната програмска структура на училиштето и воедно се гради личноста на детето, што е нашата крајна цел.

 

Во Стручната служба се опфатени:

– Психолог

– Социјален работник

– Логопeд

– Дефектолог.

Членовите на Стручната служба иако делуваат тимски, сепак секој од нив има своја специјалност, по која се разликуваат еден од друг.Така психологот, се грижи за психичкото здравје на учениците и нивните родители, што се реализира преку индивидуални разговори и третмани. Грижата за социјално-економската состојба и остварувањата на правата за здраствена заштита се под ингеренции на социјалниот работник, додекапак логопедот се грижи за вежбање и увежбување на говорот кај учениците за што изведува индивидуални третмани.

 


ПАРАЛЕЛКИ ЗА АУТИСТИЧНИ ДЕЦА

M2081S-1028 16

Голем број на деца со аутизам, дури и оние со посериозни пореметувања во однесувањето, покажуваат рапидно подобрување кога се сместени во посебни училишта за аутистични деца. (Howlin)

Отворањето на одделенија за аутистични деца во рамките на ПОУ „Д-р Златан Сремец„ е плод на нашата долгогодишна заложба. За сега се опфатени вкупно 11 ученици во две паралелки за аутизам. Едната е прво одделение а, другата е комбинирана: второ, трето и четврто одделение со целодневна настава.  Наставата се изведува според Планови и програми утврдени од МОН и БРО. Од друга страна, работата е строго идивидуална согласно претходно извршената процена на индивидуалните можности и способности на учениците. При тоа се употребуваат високо специјализирани техники на учење, а условите за настава се прилагодени на потребите на децата со аутизам.

 

КАБИНЕТ ЗА МОНТЕСОРИ ПЕДАГОГИЈА

17

Целта на Монтесори методата е негување на детските способности, при што на идиректен начин се поттикнува интерес за различни подрачја, а пак учењето се претвора во игра. Во текот на изведувањето на активности децата не се пофалуваат и наградуваат за постигнатите резултати, туку се настојува да се поттикне внатрешното задоволство од постигнатото. Преку низа вежби, тргнувајќи од конкретно кон апстрактно децата се оспособуваат за самостојно усвојување на нови знаења.

18

Улогата на дефектологот не е да ги подучува децата, туку тој го прати и го почитува ритамот на усвојување на знаења кај секое дете.
СЕНЗОРНА СОБА

M2081S-1028

Собите за стимулација на сетилата, особено се користат во терапијата на деца со потешкотии во развојот. Истите се опремени со средства за поттикнување на сите сетила…

M2081S-1028M2081S-1028

Од оваа учебна година, благодарејќи на поддршката на VIP-mobile, на децата со пречки во развојот им се пружа можност да ги уживаат придобивките од сензорната соба, која е прва од ваков вид во Скопје.Работата е строго индивидуална. Трае не повеќе од 30 минути, а се базира на индивидуалната проценка на секое дете. Во зависност од видот и степенот на оштетувањето, се одредува начинот на работа, односно, кои стимуланси ќе бидат користени.

 

КАБИНЕТ ЗА КОРЕКТИВНА ГИМНАСТИКА

M2081S-1028

Вежбите од програмата на корективната гимнастика имаат за цел да се спречи настанување на можни деформитети. На тој начин се обезбедува правилен раст и развој на детето или пак се корегира, минимизира и спречува понатамошната прогресија на веќе постоечките деформитети.

M2081S-1028

Основно средство на корективната гимнастика се физичките вежби, кои можат да бидат активни, пасивни, потпомогнати, вежби на отпор, вежби за дишење, масажаи самомасажа. Кога станува збор за дозирањето на вежбите секогаш се тргнува од основните начела на вежбањето, односно од лесно кон тешко – од просто кон сложено.

M2081S-1028